1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Уметност

Охрабрувачки пораки на крајот на кризната година

ЖА /ДВ
16 декември 2020

„Зрак на надеж“ е името на акцијата при која фасадата на дворецот Белви во Берлин е осветлена со пораки испратени од луѓе од цела Германија.

https://p.dw.com/p/3mmgc
BdTD Deutschland "Lichtblick"-Projektion am Schloss Bellevue
Фотографија: Bernd von Jutrczenka/dpa/picture alliance

Зрак на надеж во тешки времиња: на фасадата на дворецот Белви во Берлин, резиденција на германскиот претседател Франк Валтер Штајнмајер, се проектираат слики и пораки кои на луѓето на крајот на оваа година на пандемијата на коронавирус треба да им влеат надеж и храброст.  Светлечката проекција трае до утре, 17 декември, а свои пораки испратија луѓе од цела Германија. На нашата фотографија актуелната порака гласи: „Оптимизам“.