Октоберфест летови
19 септември 2018Реклама
Три дена пред почетокот на Октоберфест на 22.09.2018 Луфтханза ги испраќа првите стујардеси во дирндл (традиционална женска носија) и стујарди во кожени панталони. Летовите со персонал во баварски носии, како на оваа #ФотографијаНаДенот, почнуваат денеска (19.09) со оној од Минхен за Њујорк, по што ќе следуваат повеќе европски дестинации, како и кон Сингапур на 25 септември и на крајот кон Шангај на 6 октомври. Еден ден подоцна ќе заврши и годинешниот Октоберфест на кој се очекуваат милиони посетители од целиот свет.