Новогодишна елка како деликатес
12 јануари 2021Реклама
До вчера сè уште беа прекрасни украси во многу дневни соби, а денес веќе се отпад покрај патот: таква е судбината на многу божикни и новогодишни елки овие денови. Но, многу зоолошки градини и паркови за диви животни - како овде во Двур Кралове во Чешка - се среќни што добиваат донации од непродадени или искористени новогодишни елки. На пример, за слоновите и камилите, нивните иглички и кора се вистински деликатеси.