Катастрофи
Најтежок земјотрес во Албанија со децении
26 ноември 2019Реклама
Потресот, според наводите на Американската агенција за геолошки истражувања УСГС, имал јачина од 6,4 степени, а епицентарот се наоѓал на 30 километри западно од Тирана, на длабочина од 10 километри. По првиот потрес следуваа уште неколку силни афтершокови. Најмногу погодени се пред сѐ Тирана и Драч. Ова е втор тежок земјотрес во Албанија во период од три месеци. Во земјотресот со јачина од 5,6 степени, што се случи во септември, беа оштетени 500 објекти.