Здравје
На пат со магаре и маска против коронавирус
22 октомври 2020Реклама
Појасот Газа, од 2007 година под израелска блокада, е практично отсечен од светот. Останува надежта дека ситуацијата со пандемијата таму ќе остане и натаму релативно смирена како и досега, зашто областа е густо населена и медицински слабо обезбедена. Така, палестинскиот преговарач со Израелците, Саеб Ерекат, од пред неколку дена, заболен од Ковид-19, се наоѓа на лекување во болница во Израел, зашто во Појасот Газа нема услови за третман на потешки случаи.