1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Дизајн

Фотографија на денот: Мода со порака

ЕМФ
5 јули 2018

Пластична риба на главата, огромен блузон од свила, елегантна вратоврска и големи бели чевли - на прв поглед делува лудо, но носи политичка порака.

https://p.dw.com/p/30rDU
Berlin Fashion Week  BdT
Фотографија: picture alliance/dpa/J. Carstensen

Холандската авангардна фирма Ботер со своето шоу ја отвори Берлинската недела на модата и понуди соочување со темите - идентитет и потекло. Професионално и креативно, со доза хумор. Младото дизајнерско дуо Ботер/Херенбруг за таа цел на модната писта извади исклучиво манекени со темна боја на кожата.

На овогодишната Берлинска недела на модата излагаат 3500 фирми, а се очекуваат околу 100.000 стручни посетители. Освен тоа, Неделата на модата се демократизира - модните ревии првпат има можност директно да ги доживее и сосема обичниот љубител на модата и тоа преку преноси во живо или „паблик вјуинг“.