Миење раце во училиште против коронавирус – а вода нема
13 август 2020ОН предупредија од значителни санитарни недостатоци во училиштатаво рамките на борбата против Ковид-19. Околу 818 милиони деца во светот во своите училишта немаат неопходни услови за миење раце. 295 милиони од децатасе од Африка јужно од Сахара, 462 милиони деца посетуваат училишта во кои нема вода.
Пристапот кон вода и санитарни објекти мора да стане примарна стратегија на сите влади, порача шефот на Светската здравствена организација Тедрос Аданом Гебрејесус. Редовното и темелно миење раце е една од наједноставните а сепак ефикасни мерки против вирусот кој предизвикува Ковид-19.
ОН и УНИЦЕФ укажуваат и на нужноста од правилна проценка на мерките за заштита на здравјето, последиците од евентуален карантин.
„Негативните последици на затворање на училиштатаврз безбедноста, учењето и благосостојбата на децата се широко документирани", се вели во извештајот на организациите.