Фотографија на денот: Менување на таблите на границата
13 февруари 2019Реклама
Македонската влада ја задолжи Царинската управа да го промени името на таблите на граничните премини и на двата аеродрома во Северна република Македонија во рок од три дена. Тоа, според соопштението на Царинската управа, ќе биде направено прво на граничниот премин Богородица, денеска во 13 часот.