Фотографија на денот: Мекдоналдс се збогува од Русија
17 мај 2022Реклама
Сите ресторани на Мекдоналдс во Русија би требало да преминат во рацете на „локални купувачи“, соопшти концернот. Мекдоналдс уште на почетокот на март ги затвори на неопределено време сите 850 филијали во Русија. Сега концернот соопшти дека се повлекува комплетно од земјата.
Продадените ресторани за брза храна во иднина нема да смеат да го користат името, логото и менито на Мекдоналдс, се вели од концернот. Досега Мекдоналдс самиот раководеше со над 80% од рестораните со негово име во Русија. Бизнисот во таа земја имаше удел од 9% во прометот на Мекдоналдс.
На оваа фотографија - девојка минува покрај затворен ресторан на Мекдоналдс на улицата Тверскаја во Москва.