1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
ЕкономијаРусија

Мекдоналдс во Русија стана „Вкусно и точка“

ЖА / агенции
13 јуни 2022

Поранешните филијали на Мекдоналдс во Русија повторно се отворени, но под друго име и со нов сопственик, а вработените се исти

https://p.dw.com/p/4Cbiq
Russland Moskau | nach Schließung McDonald’s | Eröffnung neues Schnellrestaurant

Мекдоналдс во Русија е историја: по преземањето од страна на руски претприемач, околу 850 филијали на поранешниот американски синџир за брза храна сега имаат ново име: „Вкусно и точка“. Првите 15 филијали се отворени во Москва, со ист персонал и речиси идентични јадења. Но, менито на „Вкусно и точка" е помало и не ги нуди некои од најпознатите хамбургери и десерти на Мекдоналдс.

По повеќе од 30 години, Мекдоналдс во март привремено ги затвори своите ресторани во Русија како реакција на руската инвазија врз Украина, за подоцна, заедно со многу други меѓународни концерни, целосно да се повлече.

Новиот сопственик на рускиот синџир за брза храна е Александер Говор, претходно раководел со 25 филијали на Мекдоналдс во Сибир. Цената за преземањето на филијалите на Мекдоналдс не е соопштена.

За многу Руси, Мекдоналдс има речиси историско значење, доаѓањето на американскиот гигант за бургери пред три децении беше симбол на затоплувањето на односите меѓу Исток и Запад, а сега затворањето е симбол на заострувањето на фронтовите. Отворањето на ребрендираните ресторани се случи на Денот на Русија, празник кој ја слави националната гордост.