Спорт
Мега-настанот во мини-издание
6 февруари 2021Реклама
Супербоул е зенитот на секоја сезоната во американски фудбал во САД. И овој пат, тој однапред дава многу повод за возбуда: на пример, дуелот помеѓу двајцата квотербекови - легендарниот Том Брејди од тимот Тампа Беј Баканирс против Патрик Махомес, суперѕвездата на Канзас Сити Чифс.
Но, и тука, на финалето во Националната фудбалска лига (НФЛ) доминира една тема: Коронавирусот. Без забави, без големо шоу и речиси без навивачи. Целата сезона беше засенета од одложувања и презакажувања на натпревари и рестриктивните меркипоради пандемијата. Сепак сезоната успешно е приведена кон крајот, а на стадионот Рејмонд Џејмс во Тампа на Флорида течат буквално последните подготовки за овој необичен Супербол.