1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Маринци на марш

СН/ агенции
26 октомври 2018

Станува збор за најголеми воени маневри на НАТО по Студената војна. 50 илјади војници Алијансата цели две недели ќе симулираат одбрана од инвазија од неименуван агресор во тешките услови на есенска Норвешка.

https://p.dw.com/p/37E85
BdTD - US-Marinekorps bei Manöver  in Island
Фотографија: picture-alliance/US Marine Corps/L. Cpl. M. Collins

Маневрите  „Спој на трозабецот“,  започнаа вчера а ќе траат до 7 ноември. На нив ќе учествува и единицата на американски маринци на оваа #ФотографијанаДенот на која се гледа нивниот теренски марш до базата на Исланд од каде се упатија за Норвешка. Покрај големиот број војници на воените вежби ќе учествѕваат и 250 авиони, 65 бродови и 10 илјади воени возила. маневрите имаат за цел да ги тестираат способностите на НАТО за одбрана и одвраќање на потенцијални непријатели како и способноста за кохезивно дејствување. На вежбите ќе учествуваат и 10 илјади припадници на германскиот Бундесвер.