1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Наука

Кинескиот робот патува на Месечината

ЖА /ДВ
24 ноември 2020

Кина оди по стапките на САД и Советскиот Сојуз и сака да донесе примероци од камења од Месечината. Стартуваната мисија се смета за една од најкомплицираните која ја презема новата вселенска сила.

https://p.dw.com/p/3ljwZ
China startet Raumschiff zum Mond
Фотографија: Zhang Liyun/Xinhua/picture alliance

Ракетата без посада „Долг марш 5“,  успешно полета од космодромот Венчанг на островот Најнан во Кина. Во мисијата „Чанг Е-5“ специјалниот робот би требало да собере примероци од камења од површината на Месечината, но и во длабина од два метри и да ги донесе на анализа на Земјата. Првпат од 1970 година некоја држава испраќа мисија која има за цел собирање лунарен материјал. Пред Кина тоа го направија САД и Советскиот Сојуз.

Вселенското летало се очекува да ги врати примероците на Земјата за 23 дена. Кина минатата година реализираше свое прво беспилотно слетување на Земјиниот сателит.

Кина и темната страна на Месечината