Патување
Заврши тренингот за Марс
2 ноември 2021Реклама
Шестте астронаути од Португалија, Шпанија, Германија, Холандија, Австрија и од Израел беа отсечени од светот речиси еден месец. Симулацијата на животот на Марс траеше од 4 до 31 октомври. Астронаутите своето живеалиште во близина на кратерот Махтеш Рамон во пустината Негев во Израел можеа да го напуштаат само во вселенски одела, како што тоа би го правеле и на Црвената планета. Околината на кратерот многу наликува на пејсажите на Марс, и беше избрана за да испроба како би изгледало евентуално идно патување на Црвената планета.
.