1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

На Бајден му е потребна уште една држава за победа

ЖА / агенции
5 ноември 2020

Со освојување на гласовите во клучните држави Мичиген и Висконсин, претседателскиот кандидат Џо Бајден значително ги подобри шансите да го победи актуелниот претседател Доналд Трамп, но крајниот исход уште е неизвесен

https://p.dw.com/p/3ktXX
US Wahl 2020 Joe Biden
Фотографија: Angela Weiss/AFP

Се очекува резултатот од сојузната држава Невада, која на Бајден би му  донесла 6 електорски гласови и би значела одлучувачки чекор до потребните 270 за влез во Белата куќа. Според медиумите, Бајден досега има 264, а Трамп 214 електорски гласови.

Бајден настапи победнички и полн оптимизам во Делавер: „Веруваме во победа кога ќе бидат пребројани сите гласачки ливчиња", изјави Бајден.

US Wahl 2020 Wisconsin Stimmenauszählung
Пребројување на гласовите стигнати по пошта во ВисконсинФотографија: Scott Olson/Getty Images

Истовремено, изборниот тим на претседателот Доналд Трамп води битка со помош на правни средства, во Висконсин сака да издејствува наново пребројување на гласовите, а со тужби да го запре натамошното броење гласови во Мичиген, Џорџија и Пенсилванија. На Твитер Трамп обвини за наводно „исчезнување" на републиканските гласови на избирачите, без да презентира докази.