Жешко, пожешко, најжешко
26 јули 2018Реклама
Оваа недела во Германија владеат големи летни горештини, температурите растат ли растат. Трендот продолжува, утре се очекуваат температури до 38 степени Целзиусови. Најжешко е во големите градски центри, каде ни ноќе температурата не се спушта под 20 степени. Многумина спас бараат во езерата и реките. На #ФотографијаНаДенот: девојка се разладува на зајдисонце во водите на Тегелер Зе, второ по големина езеро во главниот град Берлин.