Фотографија на денот: Избори со гласачко ливче од еден метар
26 мај 2019Реклама
Германските избирачи денеска ќе донесат одлука кој ќе ги претставува во Европскиот парламент. Германија има 96 места во ЕП.
Гласачкото ливче е долго речиси еден метар. На него стојат 41 партија и политички здруженија. Тие се наредени според резултатите што ги постигнале на претходните европски избори, а потоа доаѓаат партии и здруженија кои тогаш не учествувале на изборите. Притоа, шанси за влез во ЕП имаат сите, дури и најмалите партии, затоа што во Германија за овие избори нема цензус. Така е и во 12 други земји на ЕУ. Во 15 земји на Унијата постои цензус, кој е најнизок во Кипар - 1,8%, а највисок во Франција, Полска, Чешка и Унгарија - 5%.