Ден на одлука во САД - Трамп или Бајден
3 ноември 2020Реклама
Во анкетите води демократскиот кандидат Бајден, а исходот многу ќе зависи од гласањето во десетина од 50 сојузни држави во САД, во кои резултатот е неизвесен.
Користејќи го правото поради пандемијата на коронавирус, рекорден број Американци – 98 милиони, гласаа однапред. Можно е поради времето потребно за пребројување на гласовите, победникот да не биде познат веднаш ноќеска по изборите. За САД, но и светот, следат часови полни исчекување и неизвесност.