1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Демонстрации во Скопје против договорот со Грција

18 јуни 2018

Противниците на вчера склучениот договор меѓу Македонија и Грција околу името, синоќа во Скопје пред Собранието се судрија со полицијата, која употреби солзавец за да ги растера.

https://p.dw.com/p/2zkws
Bildergalerie Mazedonien Proteste in Skopje
Фотографија: picture-alliance/AA/V. Abdul

Во насилните демонстрации во Скопје против постигнатиот договор со Грција за промена на името во Република Северна Македонија, синоќа се повредени повеќе лица. Според медиумски извори, седум полицајци и тројца демонстранти побарале лекарска помош, а 25 демонстранти се приведени.