Историја
Демони ја протераа зимата
2 март 2020Реклама
Карневалот за Прочка или како што уште се нарекува Велики Поклади или Бели Поклади изгледа како од некој друг век. Во костуми направени од тикви, волна, пердуви и руно, неженети мажи шетаа по улиците на српското село Лозовиќ, креваа врева и прескокнуваа огнови. И, добиваа јајца и слатки бесплатно, затоа што во „Белата недела“ пред Великиот пост, сè уште можеше да се јадат јајца и млечни производи. Славјето траеше до полноќ а од полноќ настапи постот, што значи дека сѐ до Велигден повеќе не се јаде ништо од животинско потекло. Инаку прочка е еден од најголемите христијански празници. Карневалот меѓутоа корени и од словенските пагански обичаи за одбележување на доаѓањето на пролетта.