Уметност
Фотографија на денот: Во чест на Дејвид Боуви
27 април 2018Реклама
Станува збор за таканаречена поп-ап изложба и нејзина прва станица е изложбениот салон на автомобилската компанија Астон Мартин во Берлин. Автор на фотографиите е уметникот Денис Ореган кој со фотоапаратот го следел Боуви на бројни концерти и преку фотографиите нуди посебен поглед на бекстејџ моментите на пејачот. На оваа #ФотографијаНаДенот можат да се видат првите посетители на изложбата, која е поддржана и од британската амбасада во Берлин.