1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Фолксваген го презема Порше

АТ/ дв/ дпа5 јули 2012

Побрзо од очекуваното концернот Фолксваген ја купи втората половина од производителот на спортски автомобили Порше. Од зделката државата меѓутоа нема да добие ниту цент.

https://p.dw.com/p/15RSS
Фотографија: AP

Автомобилскиот концерн Фолксваген од 1-ви август ќе ја преземе втората половина од производителот на спортски автомобили Порше и за тоа ќе плати 4,46 милијарди евра и една акција, соопштија производителите на автомобили во Волфсбург и Штутгарт.

„Единствената марка Порше ќе стане составен дел на концернот Фолксваген. Тоа е добро за Фолксваген, за Порше и за индустријата во Германија“, изјави претседателот на Управниот одбор на Фолксваген Мартин Винеркорн. Фолксваген и Порше „преку фузијата во иднина ќе ја зајакнат војата оперативност - финансиски и стратегиски“.

Vorstandsvorsitzender Martin Winterkorn Volkswagen VW
Мартин ВинтеркорнФотографија: dapd

Двата концерни користат дупка во законот за даноци и на тој начин избегнуваат давачки за државата во износ од 1,5 милијарди евра. Фолксваген исто така презема 2,5 милијарди евра долгови на производителот на спортски автомобили. Од даночно-правен аспект не се работи за продажба, туку за интерно преструктуирање и затоа се користи едната акција. А, тоа е ослободено од данок.

Фолксваген очекува дека овој потег ќе му донесе добивка на концернот уште оваа година. Порше со добиените пари има намера да отплати банкарски долг од две милијарди евра. Првата половина од концернот Порше, Фолксваген ја купи пред повеќе години за 3,9 милијарди евра.