1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Фолксваген главен спонзор на Олимписките игри во 2008 година во Кина

15 јуни 2004

Дека Кина е еден од најголемите и најважните пазари за автомобили потврдува и фактот што германскиот автомобилски концерн Фолксваген и pokraj опаднатата продажба во Кина сепак инвестира 5,3 милијарди евра во проширување на производството.

https://p.dw.com/p/AcN0
ФВ главен спонзор за Олимписките игри во 2008 год.во Кина
ФВ главен спонзор за Олимписките игри во 2008 год.во КинаФотографија: AP

Веќе наредната недела треба да започне изградбата на новата фабрика во Линганг кај Шангај. Од 11. до 16. овој месец во Пекинг се одржува еден од најважните саеми за автомобили во светот “Ауто Кина 2004“. По тој повод пекингшкиот олимписки комитет ја искористи можноста и официјално да го претстави Фолксваген како главен спонзор на Олимписките игри во 2008 година во Кина. Фолксваген пак на саемот го претстави за првпат својот најнов модел за кинескиот пазар “Туран“.

За Фолксваген станува се потешко да се одржи на шпицот во големата конкуренција на кинескиот автопазар. Поради тоа веста за главен спонзор на Олимписките игри во 2008 година дојде во вистинскиот момент.

“Кинескиот олимписки комитет го избра Фолксваген“-соопшти потпретседателот Ванг Ви.

Со тоа се покажа дека се исплател долгогодишниот амгажман на концернот од Волфсбург во Кина. ФВ веќе 20 години вложува во производството на автомобили и многу допринесува во развојот на автомобилската индустрија во овој дел на светот. Но, сепак одговорниот директорот за Кина на ФВ Фолкер Вајсгербер признава дека бројката на продадени автомобили во изминативе месеци е значајно опадната. И покрај тоа што се продадени вкупно 40 проценти повеќе автомобили, порастот на продажбата од 30 проценти како во минатата година не може да биде повторно достигнат. Но, сепак ФВ ќе гради нова фабрика во близина на Шангај, каде ќе се произведуваат дополнителни 150.000 автомобили. Освен тоа ФВ поднесе барање за отварање на две нови фабрики за производство на мотори во Шангај и Далиан. За тоа се предвидени инвестицци од вкупно 540 милиони евра.

Концернот меѓу другото ќе се погрижи и за обновување на моделите. Шефот на концернот Бернд Пичетсридер изјави дека Шкода Октавија ќе се воведе како трета марка на кинескиот пазар. Според него производството на Поло била грешка. За Фолкер Вајсгербер-одговорен за производството во Кина не изгледа се така црно.

“Фолксваген беше понапред од времето. Моделот Поло е автомобил со добри карактеристики, кој ширум светот многу успешно се продаваше. Тоа е автомобил, кој ги исполнува сите еколошки карактеристики и секогаш одново може добро да се продава. Но иако на кинескиот пазар во моментов не му се важни овие карактеристики јас лично сум уверен дека за една или две години тие ќе бидат многу важни и за кинескиот пазар.“

Токму навреме на овогодишниот најголем саем во земјата“Ауто Кина 2004“ Фолксваген за првпат на кинескиот пазар го претстави неговиот најнов модел на автомобил “Туран“.

Тој во неговата класа е еден од најомилените автомобили кај германските муштерии. Автомобилот е многу конфорен и мултифункционален, а неговата цена за европскиот пазар се движи од 22.000 евра.

Учеството на саемот во Пекинг за големите концерните е многу важно, бидејќи Кина е единствениот автомобилски пазар во светот, кој расте со неверојатн темпо. Пазарот со луксузни автомобили во Кина повторно станува актуелен. Цел на изложувачите е да ги придобијат муштериите не само со автомобили од средната класа, туку и со луксузни автомобили. Така италијанскиот произведувач Ламбоџини најави отворање на продажен салон во Пекинг. Американскиот концерн Џенерал Моторс пак најави скорешно производство на лимузини од луксузната марка автомобилили Кадилак. За првпат беше претставен и фантастичниот модел на мерцедес Мајбах. Концернот Форд се претстави со марките Јагуар и Естон Мартин, а фаворит на германските концерни од луксузните автомобили се Ауди А8 и Фетон. Како еден од куриозитетите што беше забележан на саемот е продажбата на уникатниот изложен модел на холандската спортска марка Спајкер. Автомобилот е продаден за 688.000 евра на еден кинески бизнисмен.