ФИФА ја казни Барселона со забрана за трансфери
2 април 2014Светската фудбалска федерација ФИФА строго ги казни шпанскиот фудбалски првак Барселона и шпанската фудбалска федерација поради прекршувања на правилата за трансфер на малолетни играчи. Каталонците во наредните два периоди за трансфер на играчи нема да смеат да купуваат фудбалери - со ова би пропаднал трансферот на голманот Марк Андре тер Стеген од Борусија Менхенгладбах, доколку договорот сѐ уште не е потпишан. Барселона освен ова мора да плати 370.000 евра, додека фудбалската федерација 410.000 евра. Клубот и шпанскиот фудбалски сојуз исто така добија и укор од ФИФА.
Дисциплинската комисија на ФИФА ги изрече санкциите за периодот од 2009 до 2013 година. Во овој период Барселона ги прекршила правилата при меѓународни трансфери на десет малолетни играчи. Според прописите на ФИФА дозволени се три исклучоци, воопшто да се купуваат странски играчи, кои сѐ уште немаат 18 години. Тие меѓутоа морале да бидат проверени од самата Комисија и да бидат одобрени.
Фудбалскиот клуб Барселона има можност да поднесе жалба против одлуката на ФИФА. „Опуштено гледаме на целата работа“, цитираше шпанскиот спортски портал „as.com“ , претставници на клубот. „Имаме 90 дена време да ја образложиме нашата позиција и да појасниме, зошто сме ги купиле играчите“, се вели од спортските кругови на Барселона.