1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

ФИФА денеска ќе се изјасни за Катар

Јоша Вебер / Е.М Фиданоска13 ноември 2014

Дали при доделувањето на СП во фудбал на Катар се‘ се одвивало согласно прописите? Прашање кое си го поставуваат многу фудбалски фанови. Денеска за тоа ќе се изјасни Етичкиот судија на ФИФА.

https://p.dw.com/p/1DmDy
Фотографија: picture alliance/dpa

Бескрајната приказна за фудбалското СП во Катар продолжува. Никогаш порано во историјата на фудбалското првенство не се спорело толку контроверзно околу некоја земја домаќин како што се полемизира околу малата, богата пустинска држава Катар. Денеска(13.11), по многуте сомнежи, обвинувања, дискусии за термини и мртви градежни работници, се отвора ново поглавје во приказната Катар и Светско фудбалско првенство: ФИФА ќе го објави ставот на својот Етички судија, Ханс-Јоахим Екерт, за истрагата околу спорното двојно доделување на СП во 2018 и 2022 година на Русија и Катар.

Корупција при доделувањето?

Домаќините на првенствата во 2018 и 2022 година се под сомневање дека ги добиле СП со недозволени средства. Предмет на истрагата што ја водеше американскиот иследник Мајкл Гарсија беше и улогата на 24-цата членови на Извршниот комитет на ФИФА, кои во декември 2010 година ги донесоа спорните одлуки. Освен тоа, беше истражено и постапувањето на другите земји конкуренти, како Англија, Австралија и САД.

FIFA Michael Garcia
Извештајот на Мајкл Гарсија има 350 странициФотографија: FABRICE COFFRINI/AFP/Getty Images

Етичката комисија на ФИФА се активираше откако обвинувањата за корупција станаа гласни и не запираа. Во меѓувреме дури не се исклучува и опцијата за нов избор на земји домаќини за двете СП. Сепак, експертите во моментов не гледаат знаци за големи последици по Русија или Катар. Особено емиратот е предмет на критика со години. При гласањето, Катар и покрај полошите оценки за својата кандидатура успеа да ги победи САД со 14:8 гласови. Со какви санкции се соочени членовите на Извршниот комитет се‘ уште не е познато.

Извештајот досега не е познат

Главниот иследник на ФИФА Гарсија постојано временски ја продолжуваше истрагата. На крајот, во септември, на Етичкиот совет со кој раководи Екерт му беше поднесен извештај од 350 страници. Потоа се разгоре дебата околу тоа дали извештајот треба да биде објавен или не. ФИФА досега, повикувајќи се на Етичкиот кодекс, тоа го одбива. Изјавата на Еекерт, пак, би требало да биде објавена на интернет страницата на ФИФА.