1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Спорт

ФИФА го испрати дома Феликс Брих

ЕМФ / дв
5 јули 2018

Светското фудбалско првенство во Русија за Феликс Брих заврши. ФИФА го испрати германскиот судија дома, по само еден натпревар, веројатно поради протестите на Србија.

https://p.dw.com/p/30rGN
Russland WM 2018 l Serbien vs Schweiz 1:0 - Gelbe Karte für Matic
Фотографија: Reuters/M. Bazo

Сонот за финалето на СП е завршен. ФИФА го испрати германскиот судија Феликс Брих дома по само еден отсуден натпревар на светското фудбалско првенство во Русија. Брих нема веќе да биде земен предвид за натамошните натпревари на СП, соопшто светската фудбалска федерација. Толку малку ангажман на едно СП досега еден германски судија имал пред цели 36 години. „Текот на СП за мене и за мојот тим се разбира е горчливо разочарување“, изјави Брих. „Но животот оди натаму, повторно ќе се вратиме.“

Луц Михаел Фрелих, претседател на Судиската комисија на Германскиот фудбалски сојуз, му даде поддршка на Брих. „Уверен сум дека Феликс ќе ја прифати оваа одлука професионално и дека и во наредната сезона ќе има уверливи настапи на националните и меѓународните натпревари“, изјави Фрелих, додавајќи: „Тој е еден од најдобрите судии на светот.“

Russland WM 2018 l Serbien vs Schweiz 1:1
Натпреварот Србија:Швајцарија во групната фаза на СП беше единствениот на кој судеше Феликс Брих (на фотографијата во дискусија со српскиот репрезентативец Александар Митровиќ)Фотографија: Reuters/M. Bazo

Брих судеше на натпреварот во групната фаза меѓу Србија и Швајцарија, по што беше жестоко критикуван од српска страна поради недосуден пенал. Огромните протести на Српскиот фудбалски сојуз сега го чинат шанса да суди и на други натпревари на СП. Поранешниот италијански врвен судија Пјерлуиџи Колина, кој е шеф на Судиската комисија на ФИФА, важи за поддржувач на Брих, но очигледно и тоа не можеше да му помогне на судијата кој во 2017 година од страна на Меѓународната федерација за фудбалска историја и статистика беше прогласен за најдобар судија на светот.

Повеќе: Џака и Шаќири без политички сензибилитет и со ниска општествена свест

„Кога ќе станеш предмет на критика, па дури и предмет на политика, тогаш речиси и немаш веќе големи шанси на турнирот“, изјави Маркус Мерк, кој е германски судија со најмногу отсудени натпревари на едно СП. „Тогаш Комисијата порадо зема судија кој бил уверлив на повеќе натпревари и низ турниот минал без штети.“