Филипинските сини шлемови се на сигурно
31 август 2014Портпаролот на армијата во Манила, Рамон Загала, соопшти дека последната група филипински припадници на силите на ОН се однесени на безбедно вчеравечер (30.08). Претходно, 40 сини шлемови со часови имаа престрелка со бунтовниците.
Војниците се дел од набљудувачката мисија на ОН на Голанската висорамнина - Ундоф, која од 1974 година го надгледува прекинот на огнот меѓу Израел и Сирија. Во четвртокот (28.08) 72-ца филипински војници беа опколени од борци на радикалниот Ал-Нусра-фронт. Во саботата на ирските војници во состав на ОН им успеа да ослободат 32-ца филипински војници. На останатите 40 Филипинци им успеа под заштита на ноќта да се повлечат на сигурно заедно со своето оружје, изјави армискиот портпарол Загала.
Во рацете на милициите се‘ уште има 44 војници на ОН од островите Фиџи. ОН вчера соопштија дека се прават напори за нивно ослободување.
Дел од мисијата Ундоф се околу 1200 војници од Индија, Ирска, Холандија, Непал, Филипини и островите Фиџи. Израел ја зазеде Голанската висорамнина во т.н. шестдневна војна во 1967 година, меѓутоа висорамнината, официјално, и натаму и‘ припаѓа на Сирија.