1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Фејсбук ја презеде фирмата за препознавање ликови

ЖА/дв19 јуни 2012

Најголемата светска социјална мрежа, Фејсбук, ја презеде израелската фирма Face.com, специјализирана за идентификување ликови и фотографии.

https://p.dw.com/p/15HWH
Фотографија: picture-alliance/dpa

Според медиумите, за преземањето Фејсбук платил 80 до 100 милиони долари. Околу 900 милиони корисници на Фејсбук секојдневно симнуваат во просек повеќе од 300 милиони фотографии за да ги разменат со своите пријатели.

Германските заштитници на податоците меѓутоа автоматското препознавање на ликот го сметаат за спорно и бараат социјалната мрежа да побара изричита дозвола од корисниците.

Фејсбук уште во 2010-та година воведе функции за автоматско препознавање на ликовите. Активисти за заштита на правата на податоците од Хамбург против Фејсбук поведоа и постапка заради заштита на приватната сфера. Постапката минатата недела беше прекината, откако Фејсбук најави подготвеност за придржување кон европските правила за користење биометриски податоци.