1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Фејсбук падна, па се врати

Александар Методијев/ројтерс/миа19 јуни 2014

Веб-страницата на Фејсбук денеска во одреден период беше недостапна. За време на падот на страницата корисниците не можеа да пристапат до своите профили.

https://p.dw.com/p/1CM0e
Фотографија: picture-alliance/dpa

Паѓањето на Фејсбук предизвика вистинска паника и меѓу корисниците. Но, Фејсбук профункционира по одредено време, па милиони луѓе набрзо му се вратија на „стариот добар начин на губење време“.

Во времето кога не функционираше страницата на екранот имаше порака „Се извинуваме, нешто тргна наопаку“. Причината за падот на страницата не се соопштува. Не може ниту да се потврди точно колку време Фејсбук беше недостапен за корисниците, но се проценува дека социјалната мрежа беше вратена во функција по отприлика еден час.

Портпаролот на Фејсбук само рече дека корисниците биле спречени да постираат на социјалната мрежа „во краток временски период“.

„Го решивме проблемот бргу и сега сме вратени во функција 100 процентно. Се извинуваме за непријатностите што ова можеби ги предизвика“, стои во изјавата од Фејсбук.