1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Фејсбук го купува Окулус

ЖА/дв/макфакс26 март 2014

Фејсбук повторно „го отвори паричникот“ и за две милијарди долари купи старт-ап калифорниска фирма која произведува очила кои може да значат влез во нова платформа на виртуелна реалност.

https://p.dw.com/p/1BVtb
Фотографија: AP

Популарната социјална мрежа Фејсбук објави дека за две милијарди долари ја купува компанијата Окулус (Oculus), која е стара само две години, а произведува очила за виртуелни игри.

Ова уследи откако Фејсбук ја купи компанијата за услуги за праќање на пораки ВотсЕп, за сума од 19 милијарди долари.

Аналитичарите истакнуваат дека купувањето на Окулус претставува голем чекор, што Фејсбук го презема во очекување на идна голема промена во развој на технолошката индустрија, во време кога потрошувачите сѐ повеќе се насочуваат од компјутери кон паметните телефони.

Од Фејсбук истакнуваат дека технологијата на виртуелна реалност би можела да постане наредна социјална и комуникациска платформа.

„Историјата на нашата индустрија покажува дека на секои 10 до 15 години се појавува нова значајна платформа. Со овој потег долгорочно играме на тоа дека кацигата за виртуелна реалност ќе стана и виртуелна и вистинска реалност во еден дел од секојдневниот живот“, истакна основачот на Фејсбук, Марк Закерберг.

Тој истакна дека носењето на очилата на Окулус е „сосема поинакво од се‘ друго што досега искусил“.

„Освен досегашното користење на очилата за игри, постојат низа можности за нивна употреба, на пример при виртуелното учење или при виртуелна конверзација со лекар“, рече Закерберг.