Фејсбук го исклучи КјуАнон
7 октомври 2020Најголемата социјална мрежа, Фејсбук, презема мерки против КјуАнон. Ова движење шири теории на заговор, па сега се бришат сите Фејсбук и Инстраграм профили кои го претставуваат КјуАнон, соопшти концернот. Така ќе биде „дури и ако нема содржини со насилство“, објави Фејсбук.
Во август Фејсбук веќе отстрани околу 800 групи, 100 страници и 1500 реклами поврзани со КјуАнон. Освен тоа, беа воведени рестрикции за повеќе од 10.000 Инстаграм-акаунти, 440 Фејсбук-страници и речиси 2000 Фејсбук-групи. Блокирани се и повеќе од 300 хаштагови поврзани со КјуАнон. Сето тоа е со цел да се ограничи достапноста на КјуАнон.
Илјадници профили поврзани со КјуАнон избриша и Твитер.
Повеќе:
Теорија на заговор: КјуАнон во подем
„Сајбер бароните“ од Фејсбук, Амазон, Епл и Гугл на сослушување
Коронавирусот и опасноста од 5Г технологијата: Тешка и опасна глупост!
Движењето КјуАнон, меѓу другото, тврди дека со САД владее криминална организација, чии членови наводно биле поранешните американски претседатели Бил Клинтон и Барак Обама, милијардерот Џорџ Сорос, како и некои холувудски ѕвезди. Многу пораки на КјуАнон се со антисемитистички и деснорадикален карактер. Во последно време приврзаниците на ова движење учествуваа на протестите против мерките за сузбивање на пандемијата на корона во САД.