1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Фејсбук во иднина „забранета зона“ за работодавачите

26 август 2010

Германските работодавачи нема да смеат да бараат „спријателување“ на интернет со кандидатите за вработување, за да стигнат до приватни информации - предвидува новиот закон за заштита на лични податоци на вработените.

https://p.dw.com/p/OvvL
Фотографија: DW/Bilderbox.de

„Новиот законот ги штити правата на вработените подобро отколку постоечкиот. Истовремено, тој ги зема предвид и интересите на работодавачите“, рече Мезие на прес-конференцијата.

Со новиот закон во иднина генерално се забранува тајниот видео-надзор над вработените. Сепак, дозволено останува поставувањето камери во заедничките простории на компаниите или, пак, на касите во супермаркетите. Освен тоа, со новиот закон за заштита на личните податоци на вработените, првпат се регулира кои податоци од интернет можат да ги користат работодавачите, при вработувањето на персонал. „Јавно достапните извори - да, користење на приватни социјални мрежи - не“, рече Мезие. Тоа значи дека интернет-страниците како Фејсбук се табу. Работодавачот не смее да побара „спријателување“ на интернет со кандидатите и на тој начин да стигне до информации, кои инаку се наменети само за најблискиот круг пријатели, како на пример фотографии од лудиот студентски живот.

Лекарски анализи само во одредени бранши

Kanzleramtsminister Thomas de Maizière
Новиот закон подобро ги штити вработените - Томас де МезиеФотографија: DPA

Новиот закон забранува и детаљни испрашувања околу здравствената состојба на идните вработени. Лекарски прегледи пред вработувањето ќе смеат да се спроведуваат само во оние бранши каде здравствената состојба е од одлучувачко значење. „Анализа на крвта може да се прави кај хирурзите, но не и кај транспортерите на мебел“, аргументира Мезие.

Германскиот министер за внатрешни работи ги одби критиките од работодавачите, кои се жалат дека во иднина управата на компанијата нема да смее да ја регулира заштитата на податоците преку интерни договори. „Договори на ниво на компанијата се можни, но тие не смеат да го пречекорат минимумот на заштита, што ја предвидува законот“, нагласи Мезие.

Германската влада го одобри предлог-законот за заштита на личните податоци на вработените во средата.

Автор: ТТ/ ЖА/ ројтерс/ дв

Редактор: Александра Трајковска