Уставниот суд анулираше дел од реформата на турското правосудство
11 април 2014Реклама
Уставниот суд го прогласи за неуставен делот од изменетиот закон со кој Министерството за правда доби прилично голема контрола над именувaњето државни обвинители и судии во Турција, јави агенцијата Анадолу.
Владата на Реџеп Таип Ердоган во февруари годинава си создаде поголема контрола над правосудството со давањето виза за промени на законот за Високиот совет на судии и обвинители. Советот е надлежен за дисциплински постапки и именување и унапредување на судиите и обвинителите во Турција. Со измените на законот, најважните овластувања што ги имаше Високиот совет беа префлрени во рацете на министерот за правда. Според денешната одлука на Уставниот суд, новите овластувања за министерот се спротивни на Уставот.