1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Условени оставки на министрите на СДСМ

СН/сдсм6 април 2016

Најголемата опозициска партија во Македонија бара доколку денеска се распушти Собранието да бидат констатирани оставките на нејзините претставници во владата.

https://p.dw.com/p/1IQJj
Фотографија: Petr Stojanovski

Социјалдемократскиот сојуз на Македонија денеска соопшти дека министрите и дополнителните заменици министри од оваа партија поднесле оставки на функциите во Владата на Република Македонија. Станува збор за условени оставки кои треба да бидат констатирани во случај денеска да се распушти македонскиот парламент:

„Доколку Собранието се распушти, односно доколку се одлучи да се применува Одлуката на Собранието на Р.Македонија, донесена на 23 февруари, со којашто се врши изменување на Одлуката за распуштање на Собранието донесена на 18 јануари 2016 година, бараме оставките претходно да се констатираат“, соопшти најголемата опозициска партија.

СДСМ согласно денешното соопштение е на став дека не се исполнети сите услови од договорот од Пржино за организирање веродостојни предвремени избори во земјата:

„ Според договорот од Пржино, министрите и дополнителните заменици министри од СДСМ се дел од Владата на Р.Македонија којашто согласно договорот од 2 јуни 2015 и Протоколот кон Договорот од 15 јули 2015 година, е формирана со цел организирање фер и кредибилни избори, откако ќе бидат исполнети сите услови и точки од тој Договор“ , се вели во соопштението во кое на крајот се истакнува дека СДСМ и опозицијата остануваат гаранти на заложбите за спроведување фер, регуларни и демократски избори во Република Македонија.