1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Култура

Одземен статусот културно наследство на карневал од Белгија

ЖА
14 декември 2019

Поради антисемитизам и расизам, УНЕСКО му го одзеде статусот нематеријално културно богатство на карневал од Алст. Барањето за ваков досега беспримерен чекор стигна од неочекувана страна.

https://p.dw.com/p/3UnnE
Belgien Karneval in Aalst
Фотографија: picture-alliance/ZUMA Wire/Xinhua/Y. Pingfan

Во 2010 година УНЕСКО го стави уличниот карневал во белгискиот град Алст на листата на нематеријалнокултурно наследство.  Традицијата сега го загуби статусот поради  тоа што „во изминатите години секогаш одново во карневалската поворка учествувале возила со расистички и антисемитистички мотиви“, соопштено е по состанокот на Комисијата на УНЕСКО во колумбискиот град Богота.  

Според неа, тоа, „не е во согласност ниту со основните принципи за одржување на нематеријално културно богатство, ни пак со вредностите содржани во Повелбата“. Организацијата на ОН за култура останува на своите принципи за достоинство, рамноправност и меѓусебно почитување и ги осудува сите форми на расизам, антисемитизам и ксенофобија, се вели натаму.

Молбата стигнала од самиот град

Актуелен контроверзен повод било карневалско возило во  карневалската поворкаод март оваа година: на него биле претставени огромни фигури со големи носеви и традиционални еврејски бакенбарди како седат на вреќи полни со пари, сосема во согласност со непријателските клишеа. Карневалското возило наиде на критика на ЕУ и на еврејските организации. Градската управа и градоначалникот Кристоф Д‘есе во таа прилика аргументираа дека „ритуалот на преминување на границите“ е составен дел на карневалот во Алст, чие мото е – се‘ смее да се исмева и да биде предмет на  хумор.

Но, градот потоа самиот побара неговиот карневал да биде избришан од листата на Светско културно наследство на УНЕСКО.

Градоначалникот, како што цитираат белгиските медиуми, е огорчен: „На граѓаните на Алст им е доста од гротескни обвинувања. Ние не сме ни расисти, ниту антисемити“. Притоа, Алст и натаму сака да остане „престолнина на подбивањето и сатирата“.

Дивоградбите и УНЕСКО

Одбрување од еврејските организации

Светскиот еврејски конгрес ја поздрави одлуката на УНЕСКО.

„Во 21 век нема место за ваков вид на симболика со која се шири омраза“, изјави претседателот Роналд С. Лаудер.

УНЕСКО, почнувајќи од 2003 година, ја поддржува заштитата, документирањето и одржувањето на  нематеријално културно наследство.  Меѓународна комисија секоја година решава околу прием на нови културни форми на неговите листи. Досега на меѓународната Репрезентативна листа се внесени 463 форми на нематеријално културно наследство и 64 елементи на Листата на нематеријално културно наследство на кое му е итно потребна заштита и одржување.