Уметност од светла
18 октомври 2016Од Столбот на победата, преку улицата на Липите до катедралата, Берлин деновиве привлекува со нова, светлечка магија. Фестивалот на светлината трае до претстојниот викенд.
Викторија, божицата на победата, со својата грандиозност доминира над плоштадот „Голема ѕвезда“ во областа „Тиергартен“ во Берлин. Жителите на Берлин ја нарекуваат „Голделзе“ што во превод значи „златната Лизи“. Столбот на победата е еден од најпрепознатливите симболи на Берлин.
Доколку по „Улицата под липите“ патувате со велосипедска рикша, сигурно ќе бидете изненадени од глетката кон поранешната палата на принцот Хенри од Прусија и нејзината светкава фасада.
Концертната сала која е изградена во класичен стил, и нејзините препознатливи фонтани се претворени во сјајни сафири, а главниот плоштад на кој се наоѓаат е претворен во светлосна оаза на нивниот отсјај.
Мостот Обербаум се протега над реката Шпре и поврзува две области во Берлин, Кројцберг и Фридрихшајн. За време на фестивалите на светлината туристите имаат можност за ноќно крстарење со брод.