1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

УЕФА најавува големи казни за ПСЖ и Манчестер Сити

БГ/ртр6 мај 2014

Челниците на УЕФА високи парични казни за Пари Сен Жермен и Манчестер Сити поради кршењето на правилото за финансиски фер плеј. Двата клуба ќе мора да настапуваат и со помалку играчи во европските купови

https://p.dw.com/p/1BuTe
Фотографија: picture-alliance/dpa

Двата тима кои се меѓу водечките во француското и англиското првенство се соочуваат со високи парични казни кои би можеле да достигнат до 60 милиони евра, како и лимитирање на бројот на пријавени играчи за Лигата на шампионите во следната сезона. Веста ја потврди неименуван функционер на УЕФА за агенцијата Ројтерс. Вкупно девет, засега неименувани тимови, се соочуваат со санкции од европската фудбалска организација поради кршење на правилата за лимитирање на финансиските загуби и стабилно економско работење. Потврдата за казната се очекува до крајот на неделава.

Француските медиуми јавуваат дека ПСЖ, клуб чии сопственици се богати катарски шеици, ја прифатил казната која освен парична глоба, предвидува и ограничување на бројот на регистрирани играчи во Лигата на шампионите на 21, наместо 25 колку што предвидуваат правилата. Исто така ќе биде ограничен и клупскиот буџет за плати и казната ќе трае во следните три години.

Надлежните во Манчестер сити, пак, не прифатиле ваква нагодба и најверојатно ќе се жалат на казната.

УЕФА има опција и да им забрани на тимовите да се натпреваруваат во европските купови доколку ги прекршат правилата, но таква казна овојпат не му е наметната на ниту еден клуб.

Одлуките на УЕФА веќе се предмет на критики на бројни фудбалски експерти кои не гледаат никаква логика во тоа мега-богатите клубови да се казнуваат за претерано трошење со парични казни.

Правилата на УЕФА ги ограничуваат трошоците на фудбалските клубои на 45 милиони евра во рамките на двете последни сезони, но постојат и бројни олеснувања доколку се инвестира во развој на млади играчи или во инфраструктурата.