УЕФА: Забрана за натпревари во Израел и меѓу руски и украински тимови
17 јули 2014Комисијата за итни прашања при Европската фудбалска асоцијација (УЕФА) на денешната седница во Нион (Швајцарија) донесе одлука поради актуелната политичка ситуација во Израел да им се забрани на екипите од оваа земја да играат натпревари на домашен терен.
Освен оваа одлука, УЕФА на барање на фудбалските сојузи на Русија и на Украина донесе одлука екипи од овие држави да не можат да се сретнат меѓу себе во евро-куповите и затоа тие ќе бидат одвоени при извлекувањата на двојките за следните квалификациски кола.
Ова правило ќе важи и за жрепката за 3-то коло во квалификациите за Лигата на шампионите.
Се расправаше и за бришење на жолтите картони и одлучено е по четвртфиналната фаза во евро-куповите на играчите да не им се важат добиените жолти картони. По оваа одлука фудбалерите поради картони ќе го пропуштат финалето ако се пласираат нивни екипи, само ако во полуфиналето добиле директен црвен картон.