Убиен братот на авганистанскиот претседател Карзаи
12 јули 2011Помладиот брат на Карзаи беше претседател на советот на провинцијата Кандахар и многу моќна и контроверзна личност во јужен Авганистан
Неговото тело беше пронајдено во неговиот дом и се смета дека тој бил застрелан со автоматска пушка „калашников“.
„Изгледа дека Ахмад Вали Карзаи бил убиен од еден од неговите бодигарди и оти никој од страна не бил вклучен во убиството“, истакна Абдул Гафар Саједзада, раководител на антитерористичката единица во министерството за внатрешни работи на Авганистан.
Во меѓувреме, талибанците ја презедоа одговорноста за убиството на помладиот брат на претседателот Карзаи истакнувајќи дека тоа е еден од нивните најголеми успеси во речиси децениската војна.
Портпаролот на талибанците Јусуф Ахмади за агенцијата Франс прес истакна дека тие неодамна дале налог за убивање на Ахмед Ваи Карзаи.
„Тоа е добра вест за нас и за нашиот народ, се ослободивме од личност која ги угнетуваше луѓето во Кандахар“, изјави Ахмади за германската новинска агенција ДПА.
Автор: СН/ТТ/ројтерс
Редактор: Борис Георгиевски