Уапсени мигранти во Грција, близу македонската граница
19 јуни 2018Уапсените тројца шверцери на луѓе во Грција со товарно возило презеле 12 мигранти од грчко-турската граница и ги пренесле до северна Грција, каде полицијата открила уште 41 мигрант, од кои 21 малолетен, кои се движеле паралелно со автопатот кој води од Солун кон границата со Македонија. Тие очигледно ѝ биле препуштени на судбината од страна на криумчарите и се обидувале на своја рака да стигнат до ЕУ. Мнозинството од откриените мигранти по потекло се од Сирија и Ирак.
Повеќе:
Идомени меѓу Македонија и Македонија
Грција: Задржани бегалци на пат кон Македонија
Без оглед што т.н. Балканска рута официјално се смета за затворена, криумчари сѐуште им ветуваат и се обидуваат да пренесат мигранти во делот кој не е затворен со огради и жици, преку Албанија, Црна Гора и Босна и Херцеговина, до северниот дел од Балкан. Друга рута води по морски пат преку Јадранско Море кон Италија и потоа кон Централна Европа. Западногрчките пристаништа како Патрас и Игуменица се крстосниците за рутата.
Босанските гранични патроли пак уапсиле 100 мигранти кои во понеделникот се обиделе да влезат во соседна Хрватска, пренесува „Еј-би-си њуз“. Мигрантите што беа блокирани на границата во понеделникот се дел од многу поголема група африкански, азиски и арапски мигранти, кои живеат во импровизираните кампови во босанскиот град Велика Кладуша.
Повеќе од 5.600 мигранти влегоа во Босна и Херцеговина од јануари во споредба со 754 за 2017 година. Со оглед на тоа што Италија ги заострува граничните контроли и патролите во медитеранските води на Либија, мигрантите и трговците со луѓе се принудени да изнаоѓаат разни рути кон континентот.