Уапсен струмичкиот градоначалник Зоран Заев
17 јули 2008Струмичката полиција го приведе градоначалникот Зоран Заев. Портпаролот на МВР, Иво Котевски изјави дека Заев е осомничен за злоупотреба на службена должност, односно за организиран криминал.
Покрај струмичкиот градоначалник, полицијата уапсила уште четворица лица. Сите се товарат за финансиски малверзации при изградабата на градскиот пазар во Струмица.
Апсењето на вториот човек на СДСМ испровоцира реакција на пратениците на СДСМ, НСДП, ЛДП и Нова Алтернатива, кои претпладнево го напуштија Парламентот.
Претседателот Бранко Црвенковски во првичната реакција од Драч, Албанија, нагласи дека ја поддржува борбата против криминалот и корупција, но имајќи ги предвид методите и начинот на нејзината реализација, тој констатира дека продолжува практиката на злоупотреба на власта, полицијата и борбата против корупцијата, за пресметка со неистомислениците.