1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Турција пред претседателски избори

Томас Зајберт/ А.Трајковска19 јуни 2014

Екмеледин Ихсаноглу ќе биде кандидат за претседател на двете големи опозициони турски партии. Вжештено се дискутира дали тој ќе може да му се спротивстави на актуелниот премиер Реџеп Таип Ердоган.

https://p.dw.com/p/1CLC8
Фотографија: Getty Images/AFP

На возраст од 70 години научникот и дипломат Екмеледин Ихсаноглу (на насловната фотографија) влегува во турската внатрешна политика. Роден и изразнат во Каиро, тој долги години работеше во странство, пред сѐ во Џеда во Суадиска Арабија, каде што е седиштето на Ораганизацијата за исламска соработка (OIC). Како шеф на најголемата исламска државна заедница Ихсаноглу измината година спореше со владата на Ердоган околу проценката за развластувањето на египетскиот претседател Мохамед Мурси. Ихсаноглу го одби турското барање, да се осуди Египет поради соборувањето на претседателот.

Ихсаноглу зборува пет јазици и со неговата седа коса делува како „ефенди“, како што велат Турците: Тој е џентламен. Во првото интервју по неговата номинација за опозициониот весник „Кумхуриет“ тој го исткна значењето на основачот на турската држава Кемал Ататурк - гест во правец на приврзаниците на секуларната партија ЦХП, чиј шеф Кемал Киличдароглу го предложи Ихсаноглу за заеднички кандидат.

„Многу паметна одлука“

Ихсаноглу треба да успее да го обедини опозициониот табор и истовремено да придобие избирачи од таборот на партијата на Ердоган АКП како и исламистичката Саадет Партија и притоа треба да помогне карактерот на кандидатите. Тој е верник муслиман и истовремено секуларист. Неговата сопруга Фусун не носи шамија.

„Многу паметна одлука“ донесоа опозиционите партии со номинацијата на Исханоглу, пишува колумнистот Мустафа Акиол, експерт за политички ислам, во весникот „Хуриет Дејли њус“. Весникот „Тараф“ дури објави, Ердоган поради сериозниот предизвикувач,Ихсаноглу, уште еднаш ќе размислел за кандидатурата која се сметаше веќе за сигурна, а официјално сѐ уште не е објавена. Ќе се избира на 10 август.

Türkische Flagge
Фотографија: picture-alliance/zb

Отпор во сопствените редови

Меѓутоа во опозициониот табор не се сите воодушевени од заедничкиот кандидат. Од ултра секуларното крило на ЦХП реагаираа шокирани. Претеничката Нур Сертер се изјасни дека се срамела за одлуката на нејзиното партиско раководство. За политичарите како Сетер Ихасноглу бил премногу религиозен. Според новински извештаи не може да се исклучи, некои членови на ЦХП да предложат сопствени кандидати. Исто така и претставници на алевитите, исламско малцинство. кое се смета дискриминрано од сунитското мнозинство во Турција, го отфрла Ихсаноглу.

Истражувачите на јавното мислење исто така со скепса гледаат на кандидатурата на 70 -годишникот. „Тој треба да придобие избирачи во базата на АКП, притоа мора прво да види, како неговата база да застане зад него. ЦХП е поделена“, вели Адил Гур, шеф на демоскопскиот институтот A&G за Дојче веле. Многу стални избирачи на опозицијата на денот на изборите од протест би можеле да останат дома, што ги зголемува шансите на Ердоган за победа, вели тој. Освен тоа Ихсаноглу немал многу време, да се претстави кај 50 милиони избирачи во Турција.

„Тој нема шанса“

Слично размислува и неговиот коелга Мехмет Мурат Постеки од демоскопскиот инстиутот ORC. „Тој нема шанса“, вели Постеки за ДВ. Со оглед на тоа што кандидатот е релативно непознат, опозицијата требаше да го објави уште од пролетта, а не кратко пред изборите. Демоскопот Гур исто така укажа на политичката незрелост на Ихсаноглу. Првите директни избори за претседател во август де факто ќе создадат претседатеслски систем, поради што веќе профилиран политичар би бил вистинскиот за функцијата. „Тој е добар човек, но не е политичар“, вели Гур за Ихсаноглу.

Експертите како Гур и Постеки затоа сметаат дека Ердоган има добри шанси, уште во првиот круг на 10. август да освои повеќе од 50 проценти од гласовите и да стане претседател. Ако кандидатите не ја минат границата од 50 проценти, на 24 август ќе се одржи втор круг избори. До 3 јули кадидатурите мораат да бидат пријавени. Партијата на Курдите ХДП сака да испрати свој кандидат, чие име треба да го објави претстојниот викенд.