Тројца Германци киднапирани во Сирија
30 јуни 2013Тројцата хуманитарци биле киднапирани уште во ноќта кон 15 мај во местото Харем во регионот Идлиб, соопшти на викендов организацијата „Зелени шлемови“ на својата интернет страница. Министерството за надворешни работи во Берлин вчера (29.06) потврд дека тројца германски државјани во Сирија се водат за исчезнати. Формиран е Кризен штаб, кој интензивно работи на наоѓање решение, соопшти портпарол.
Како што соопштуваат од „Зелени шлемови“, киднапирани се еден индустриски механичар, еден градежен техничар и еден 72-годишен инженер, кој во регионот пристигнал само неколку дена претходно. Повеќенеделните напори за ослободување на соработниците останаа безуспешни, соопшти организацијата, основана од Руперт Нојдек, основач на германската секција на Лекари без граници, Кап Анамур.
Во Сирија владее граѓанска војна, започната во март 2011 година со револтот против сирискиот претседател Башар ал-Асад. Според најновите информации на опозициската Опсерваторија за човекови права со седиште во Лондон, во граѓанскатавојна загинале веќе над 100 илјади луѓе.