1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Три жени се добитници на Нобеловата награда за мир

7 октомври 2011

Претседателката на Либерија, Елен Џонсон-Сирлиф, либериската активистка за мир Лејма Гбови и борецот за женски права Тавакул Карман од Јемен се добитници на овогодишната Нобелова награда за мир.

https://p.dw.com/p/12nYm

Трите добитнички, кои рамноправно ќе ја поделат наградата дотирана со 1,1 милион евра, се наградени за нивниот ангажман за зајакнување на правата и улогата на жените, соопшти претседателот на Нобеловиот комитет, Торбјорн Јагланд. Освен тоа, според жирито, трите добитнички ја добиваат наградата и поради нивниот ангажман во изградбата на цивилно оштество во конфликтни региони. Сирлиф е прва демократски избрана претседателка во Африка. Лејма Гбови, и покрај сите етнички и верски тензии во Либерија, се ангажира за поголемо учество на жените во политиката. Тавакул Карман, пак, игра една од водечките улоги во демократското движење во Јемен.

Friedensnobelpreis 2011
Лејма ГбовиФотографија: dapd
Friedensnobelpreis 2011
Тавакул КарманФотографија: dapd

Нобеловата награда за мир ќе биде врачена на 10 декември. Таа се доделува во Осло од 1901 година. Меѓу добитниците на оваа награда се вбројуваат и Барак Обама, Мајка Тереза, Амнести Интернешенал и други. 

Автор: ЕМФ/дпа/ртр/кна

Редактор: Симе Недевски