1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Здравје

Три деца меѓу четирите жртви во трагедијата во Романовце

23 февруари 2020

Вечерва на интензивната нега на Клиниката за неврохирургија во Скопје починал и четвртиот тешко повреден во експлозијата во кумановското село Романовце. Уште три лица се во тешка состојба

https://p.dw.com/p/3YFxI
Mazedonien Mutter Teresa-Klinik in Skopje
Фотографија: DW/P. Stojanovski

Три деца и еден возрасен маж ги загубија животите, а уште шест членови на семејството се повредени во експлозија на плинска боца во кумановското село Романовце. Трагедијата се случи утрово, откако експлодирала боцата која ја користеле за готвење. Трите деца, едно 8-годишно момче и две девојчиња на возраст од 9 и 11 години, загинале на лице место по експлозијата, додека четвртата жртва почина вечерва на Клиниката во Скопје.

Според директорот на Клиниката за трауматологија, Илир Хасани уште две жени на возраст од околу 30 до 50 години се во крајно тешка состојба, додека еден возрасен маж е во критична состојба.

И останатите повредени, меѓу нив и една бремена жена, имаат сериозни изгореници. Плодот на бремената жена бил во добра состојба, јавуваат локалните медиуми.

Министерот за здравство Венко Филипче денеска ги посети повредените и информира дека се преземаат сите мерки на интензивно лекување и дека внимателно се следи нивната состојба.