Трамп обвинува за изборна измама
28 ноември 2016Новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп ја стави под знак прашање регуларноста на претседателските избори, тврдејќи на Твитер дека милиони луѓе на изборите „илегално“ го дале својот глас. Трамп зборува за „сериозна изборна измама“ во сојузните држави Вирџинија, Њу Хемпшир и Калифорнија, каде победи неговата противничка Хилари Клинтон. Тој сепак не наведува можни докази за своите тврдења.
Со тоа новоизбраниот претседател реагира на претстојното ново пребројување на гласовите во Висконсин, каде Клинтон беше поразена со тесен резултат. Барањето за ново пребројување го достави кандидатката на Зелените на изборите, Џил Стаин. Таа бара ново пребројување и во Пенсилванија и Мичиген. Стаин собра пари за ново пребројување на гласовите во трите сојузни држави откако некои ИТ-експерти утврдија „статистички аномалии“. Тимот на Клинтон му дава поддршка на барањето.
Трамп ваквата иницијатива ја оцени како трошење време и пари. Нејасно екаква цел следи Трамп со тоа што сега самиот ја става под прашање регуларноста на изборите. Американската влада соопшти дека нема знаци за нерегуларности на изборите. Според експертите, меѓутоа, единствен начин да се расчистат работите е гласовите да се пребројат одново.