Трамп го расипува предбожиќниот бизнис во Њујорк
23 ноември 2016Полицајци со автоматско оружје, огради... и голем број купувачи. Така изгледа пред Трамп Тауер во Њујорк, додека идниот американски претседател Доналд Трамп во своето седиште се занимава со составување влада.
Живеалиштата на претседателите отсекогаш биле добро чувани. Но, досега ниту еден претседател не живеел директно во срцето на најделовната американска метропола. Трамп Тауер се наоѓа на Петтата авенија и 57-мата улица, опколена од луксузни продавници.
Том Кјусик, Асоцијација за унапредување на бизнисот 5-та авенија, вели:
„Наш проблем е што ова многу влијае брз бранот потрошувачи. Сопствениците на продавниците сметаат дека само во предбожиќниот период поради тоа ќе загубат десетици милиони долари.“
Но, во овој дел на Њујорк работите нема да се вратат во нормала ниту по Божик, зашто сопругата на Трамп, Меланија, и нивниот десетгодишен син Барон, најверојатно нема толку бргу да се преселат во Вашингтон.
А, тоа, според градоначалникот на Њујорк, Бил де Бласио, значи натамошни проблеми: „Гучи и Тифани не ми создаваат најголеми грижи, но сообраќајната ситуација е навистина реален проблем.“
А, сообраќајот ги погаѓа сите еднакво - и оние кои во Њујорк доаѓаат на работа и туристите. Тие на градот му носат важен дел од даночните приходи.