Традицијата на тетовирање на католичките жени во Босна
25 март 2017Реклама
Традицијата на тетовирање на рацете на католичките жени во средна Босна полека изумира. Последните тетоважи, или како што жените ги нарекуваат „боцкања“, биле ставани до средината на 50-те години на минатиот век. Се претпоставува дека традицијата започнала за време на Османлиското владеење и воглавно претставувала некој вид заштита за жените кои би можеле да бидат цел на владетелите или принудени да преминат во ислам. Некои босански историчари наоѓаат докази и дека традицијата можеби била и постара и потекнувала уште од античко време, во времето кога централна Босна ја населувале Илирски племиња.