Тешки казни за четворица бивши елитни војници за масакрот во Сребреница
15 јуни 2012Четворица поранешни елитни војници се осудени денеска во Босна поради злосторства против човештвото во врска со егзекуцијата на околу 800 босански муслимани во Брањево, кај Сребреница. Тројцата босански Срби и еден Словенец, порано членови на елитните единици на босанските Срби, учествувале во шестчасовно погубување во Брањево во јули 1995. година, добија казни во вкупна висина од 142 години. Притоа највисока казна доби обвинетиот Станко Којиќ- 43 години затвор, Франц Кос и Зоран Гороа се осудени на 40-годишна затворска казна и Властимир Голијан на 19 години.
И обвинителството и одбраната најавија жалба на оваа првостепена одлука. Обвинителството смета дека четворицата требале да бидат осудени и за геноцид или во најмала рака за помагање во извршување геноцид, а одбраната ќе се жали на вистината на изречените казни.
Судот смета дека не може да се докаже дали осудените имале и „намери за извршување геноцид“, за да одговараат и за такво обвинение.
Инаку, во масакрот во Сребреница беа убиени вкупно околу осум илјади муслимани.