1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Терористите дејствувале по налог од Пакистан?

9 септември 2007

*

https://p.dw.com/p/Be5T

Тројцата уапсени во Германија, осомничени за тероризам, според извештаи во овдешните медиуми биле насочувани од Пакистан и требало да извршат напади веќе во текот на овој месец.

Сојузниот министер за правда Бригите Циприс изјави дека во моментов испитува дали треба да се регулира во иднина хемикалии погодни за градење бомби да им се даваат на купци само со нотирање на нивните лични податоци.